Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тврди дека денеска при увид и инспекциска контрола на дивоградба во Општината Чаир, таа и екипата која била со неа, биле нападнати прво вербално, потоа физички, со клоци и тоа пред припадници на МВР. Лицето кое, како што вели, најверојатно е сопственик на дивоградбата и се заканувало нејзе и на нејзиното семејство.
„Пред очи на полицајци ме удираше со клоци и ми се закануваше дека ќе ме силува, а цело семејство ќе ми го убие“, рече скопската градоначалничка Данела Арсовска откако излезе од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ каде денеска беше примена во Ургентниот центар, откако попладнево физички беше нападната на Бит Пазар при увид на дивoградба спроти полициската станица во Чаир.
Градоначалничката за инцидентот се огласи и на Фејсбук.