epa08074412 Real Madrid's head coach Zinedine Zidane reacts during the Spanish La Liga soccer match between Valencia CF and Real Madrid at Mestalla stadium in Valencia, Spain, 15 December 2019. EPA-EFE/MANUEL BRUQUE

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Зинедин Зидан, играше со многу ѕвезди во текот на својата кариера, но еден е особен – не можеше да направи речиси ништо против него.

Французинот ја освои Лигата на шампионите четири пати со Реал Мадрид како играч, а подоцна и три пати како тренер. Тој играше во времето во кое имаше големи мајстори на фудбалската игра како Тиери Анри, Алесандро дел Пјеро и Дејвид Бекам, со кои ја делеше соблекувалната, но во едно интервју, сепак, го именуваше човекот што го смета за најдобар на сите времиња.

-Беше смешно со Роналдо на тренинг, кажуваше дека ќе ти ја протне два пати низ нозе, а потоа и го правеше тоа. Имаше таква леснотија со топката што беше незгодно за противничкиот играч. Понекогаш ги иритираше луѓето, но тоа беше дел од неговата личност – да ги иритира луѓето одвреме-навреме, дури и во секојдневниот живот, не само на теренот – рече Зидан, зборувајќи за својот поранешен соиграч, Бразилецот Роналдо.

Зидан и Роналдо играа заедно во „Галактикос“, освојувајќи ја шампионската титула заедно во сезоната 2002/2003. За жал, повредите не му дозволија на Бразилецот да постигне уште поголем успех. И покрај ова, Зинедин Зидан нагласи дека тој е најдобриот играч со кого играл некогаш.

Луис Назарио да Лима Роналдо, како што е неговото целосно име, постигна 104 гола на 177 натпревари за Реал Мадрид. Во тој период, тој ги освои Светското клупско првенство, Интерконтиненталниот куп и две шпански првенства.

Играше за клубови како Крузеиро, ПСВ, Барселона, Интер, Милан и Коринтијанс. Одигра вкупно 481 натпревар, постигна 310 гола и додаде 75 асистенции. Тој беше, исто така, и светски шампион во 1994 и во 2002 година. Двапати ја освои „Златната топка“. Исто така имаше можност да ги гледа големите мајстори на теренот, а имаше и свој фаворит кога стануваше збор за најдобрите. Интересно е што го избра Зидан.

– Тој е човекот што најмногу ми ги исполни очите. Беше привилегија да играм со него. Имаше многу очекувања од „Галактикос“, тоа беше шампионска генерација, која го промени начинот на кој се играше фудбал – истакна своевремено Роналдо.

Зидан моментално е слободен, а откако го напушти Реал Мадрид, не може да ја најде вистинската работа за себе. Од друга страна, Роналдо беше на чело на шпанскиот клуб Ваљадолид, но ја загуби довербата на навивачите откако испадна клубот од Првата шпанска лига.

 

 

ИЗДВОЕНИ