Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска оцени, во врска со израелскиот напад врз Иран, дека заканата од нуклеарен конфликт е реална, но дека никому не му е потребна.
„Често ме обвинуваат за разгорување на нуклеарна хистерија. Еве, повелете! Кога пишувам за нуклеарен конфликт, тоа не е само така. Тоа е реално. И брзо. На никој не му треба“, напиша Медведев на својот Телеграм канал.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа голема операција преку ноќ во која воздухопловните сили нападнаа воени цели и локации на иранската нуклеарна програма.