Големите спортски ѕвезди честопати знаат да се најдат во незавидна позиција од бројните обожаватели кои прават сè за да дојдат до фотографија или до нешто слично. Но, она што му се случило на најдобриот скијач на денешницата, Марк Одермат, е скандалозно.

Одермат често е расположен за фотографирање, доделување автограми и за разговор со навивачите, но имал и ситуации што би сакал да ги заборави. Во изјава за швајцарските медиуми, тој призна дека имал непријатна ситуација во САД на крајот од минатата сезона. За време на паузата помеѓу трките и тренинзите, Одермат отишол во бар да се напие нешто, а таму се случило нешто неочекувано. Навивачка му пришла и го погалила за задникот, а тој реши да ја објасни целата ситуација.

  • Една девојка ми пријде и ме погали по задникот, потоа ги оправда своите постапки велејќи дека штотуку освоила 5.000 долари и се насмеа гласно. Тоа беше инцидент за мене, не ми беше смешно, призна Одермат и продолжи:
  • Тоа е, едноставно, неприфатливо во денешно време, не ми беше смешно.

Потоа објасни дека таквата ситуација во спротивните улоги би предизвикала лавина од коментари.

  • Замислете го скандалот ако улогите беа обратни. За неа беше смешно – за мене, апсолутно не, додаде Швајцарецот.

Одермат верува дека социјалните медиуми уништиле многу генерации.

  • Делумно сме виновни. Откриваме повеќе за нашите приватни животи, споделуваме многу за себе на „Инстаграм“. Денес, луѓето знаат толку многу за нас што мислат дека сме нивни пријатели. Социјалните медиуми се опасност, уништија многу генерации, ја губиме вистинската смисла на дружењето, вели Швајцарецот.

Одермат е голема ѕвезда на светското скијање и спорт, но очигледно се обидува да води мирен живот надвор од патеките, без внимание, а особено без скандали.

 

ИЗДВОЕНИ