Францускиот фудбалски репрезентативец и еде од најдобрите во светот, Килијан Мбапе, беше хоспитализиран пред неколку дена за време на престојот во САД откако му беше дијагностициран акутен гастроентеритис, а сега се појавија видеа и фотографии од неговото враќање на тренинзите.
Направени се тестови и препишана е терапија за играчот на Реал Мадрид, кој објави дека Французинот е хоспитализиран во Палм Бич, каде што тимот тренира од минатата сабота.
Кога се појавија снимки и фотографии од тренингот на Мбапе по кратко боледување, сите беа шокирани колку се променил неговиот изглед. Тој изгуби најмалку пет килограми, што придонесе да остане без многу мускулна маса, што го забележаа неговите обожаватели.
Францускиот фудбалер се разболе во понеделникот по тренингот, 48 часа пред натпреварот со Ал Хилал, и оттогаш не може да тренира, па дури ни да ја напушти својата соба. Тој е одвоен од тимот од 16 јуни и речиси не е во можност да води нормален живот.
Мадрид одлучи строго да го следи протоколот во случајот со француската фудбалска ѕвезда.