Мажите на колена за жешката Нивес Целзијус на „Водице 2025“  

72

Хрватската поп-пејачка, писателка, но и повремено старлета, контроверзната Нивес Целзиус, сè уште добро ја паметиме и од она време кога беше пред некоја година почесна гостинка во вилата на Водно, кај тогашниот македонски претседател Стево Пендаровски. Потоа на ФБ се појавија и некои безобразни фотомонтажи.                   Овие жешки денови жешко преку фотографиите Нивес Целзијус ни го опишува својот супер-фестивалски настап, минатиот викенд на музичкиот фестивал „Водице 2025“ на јадранскиот брег.Таму по Нивес Целзијус сите мажи со воздишки паднаа на колената! А и времето се погоди, па популарната пејачка можеше слободно да се освежи во синото море. Поупатените во шоу-бизнисот велат дека таа си ја знае својата работа. Кај неа ништо не е случајно. Одлично провоцира и ужива заедно со фановите во популарноста. Откако ја испеа хит-песната „Кара….кара…каранфил“, Нивес е во врвот на топ-листите. Од сите страни е барана, а самата таа, иако веќе преморена, по секој настап умее да се релаксира само во минимален костим за капење. Притоа слободно ги открива природно бујните гради.

– Кај мене нема ништо пластично, ниту вештачко. Сè е дадено од мајката природа. Но, не смеете ништо да пипкате и штипкате, дозволено е само гледање и коментирање, така вели опасно жешката Целзијус,  а инаку поранешната сопруга на познатиот хрватски фудбалер Дино Дрпиќ.    (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ