Убиство во Тетово ги вознемири жителите на Блок 82 што се случи попладнево, пренесоа локалните медиуми. Убиен е маж во син автомобил марка Голф, а убиецот пукал со автоматско оружје. Полицијата врши увид на местото на убиството, а има информации дека куршум погодил и случаен минувач. Првичните мотиви го поврзуваат убиството со одмазда и нерасчистени односи. Зад полициската лента увидот го следат многу жители од околината, а телото на убиениот е сеуште во автомобилот.