37-годишен Либанец беше уапсен на главната железничка станица во Ахен за време на викендот. Федералните полицајци го приведоа човекот кој пристигна со регионален воз од Белгија околу 22:30 часот во саботата на 6 декември вечерта.
За време на проверката, човекот презентирал либански пасош и италијанска дозвола за престој, кои, сепак, не биле важечки за Шенген зоната. Проверката во полицискиот систем за пребарување откри неверојатен факт: човекот бил регистриран под вкупно 28 различни псевдоними, објавува „Дер Шпигел“.
37-годишникот е веќе добро познат на властите. Во минатото бил осуден за неколку прекршоци поврзани со дрога.
Неговото барање за азил во Германија конечно биело одбиено во април 2025 година.
Покрај тоа, тој има важечка забрана за влез и престој во земјата. Федералната полиција го приведе човекот за да се подготви за неговата депортација.












