петок, јануари 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Маж си ја уби сопругата во Скопје, па се обиде да побегне...

Маж си ја уби сопругата во Скопје, па се обиде да побегне – уапсен на Табановце

1415

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска изврши увид на лице место во семејна куќа во Скопје, каде според првичните сознанија маж ја лишил од живот својата сопруга.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатата. Увидните екипи од лице место прибраа траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.

Осомничениот е задржан при обид да ја напушти државата на граничниот премин Табановце, а во текот на утрешниот ден повеќе информации за натамошниот тек на постапката.

ИЗДВОЕНИ