Маж се заканувал со нож на железничката станица во Париз, полицијата го онеспособи

54
EPA/YOAN VALAT

Француската полиција денес онеспособи маж (44) кој извадил нож на железничката станица Монпарнас во Париз, соопшти канцеларијата на парискиот обвинител.

Во соопштението, канцеларијата на обвинителот соопшти дека полицаецот го употребил своето оружје за да го совлада мажот, кој потоа сам се избодел. Француските медиуми објавија дека претходно се слушнал најмалку еден истрел.

Еден маж е тешко повреден за време на полициска интервенција на железничката станица во Париз откако им се заканил на сопругата и децата со нож. Инцидентот се случил попладнево, кога осомничениот се обидел да ги нападне патниците пред да биде совладан од полицијата, објавува „Ле Фигаро“.

Според полициските информации, осомничениот, маж, пристигнал на станицата Монпарнас со воз од Рен. Претходно бил баран поради упатување смртни закани кон сопругата и децата, а бил познат и по семејно насилство.

Според информациите од канцеларијата на парискиот обвинител, осомничениот бил под истрага за семејно насилство. Кога излегол од возот, мажот го ставил ножот под грлото во присуство на полицајци. Откако се обидел да ги нападне патниците, самиот си нанел рани.

Соочени со сериозна закана, полицијата отворила оган, ранувајќи го во нозете. За време на инцидентот, една жена се здобила со полесни повреди на ногата, објави францускиот весник. Брзата помош веднаш пристигнала на местото на настанот, а железничката станица била делумно евакуирана за да им се овозможи на спасувачите да интервенираат.

Канцеларијата на парискиот обвинител потврди дека за време на инцидентот биле испукани најмалку два истрели, а истрагата е во тек.

ИЗДВОЕНИ