Во трговски центар во Будимпешта се случила експлозија откако маж на возраст од 43 година се обидел во тоалетот да ја наполни својата запалка со плин, пренесоа локалните медиуми.
Припадници на полициската патрола, кои се наоѓале во близина, го уапсиле мажот кој при ескплозијата се здобил со изгореници и е префрлен во болница, пренесе „Хирадо“.
Во експлозијата била скршена тројната врата во тоалетот, а полицијата започнала истрага поврзана со загрозувањето на јавната безбедност.
При експлозијата, е повреден и еден младич, на кој му се запалиле косата и веѓите, наведе „Хирадо“.












