Теретаната „Планет фитнес“ во Флорида стана сцена на необична драма кога 25-годишниот Хенри Антунез-Аварадо, целосно гол, почна да се соблекува и да дивее низ објектот. Сето тоа кулминираше кога полицијата го пронајде „премногу исончан“ во солариум.

Според „Њујорк пост“, полицијата добила пријава непосредно пред полноќ на 19 јули. Вработените во теретаната го замолиле Антунез-Аварадо да ја напушти просторијата по затворањето, но наместо да си замине, тој се соблекол целосно гол, го запалил тоалетот и почнал да ги крши таваните.

  • Добивме пријава за гол маж кој трча низ теретаната, обидувајќи се да се искачи на таванот и да ја запали бањата, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Ли.

Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, ги пречекал чад во машката соблекувална и скршени тавански панели расфрлани насекаде. Снимките од безбедносните камери го покажаа Антунез како шета низ просториите гол, влегува во различни соби и лежи целосно гол на хидромасажен кревет.

Полицијата првично се сомневала дека се крие некаде на таванот, бидејќи во неколку соби имало скршени панели. На помош било повикано полициско куче, кое набрзо пронашло трага и ги одвело полицајците во затворена просторија – солариум.

Кога ја отвориле вратата, биле изненадени – гол маж лежел во солариумот, „изгорен од сонце“, како што саркастично коментирала полицијата.

Полициските службеници го извеле оттаму и го собориле на земја, а потоа го покриле со крпа и го привеле.

Тој моментално е во затвор, а рочиштето е закажано за 18 август. Според судските документи, ова не е прв пат тој да го прекрши законот – минатата година беше уапсен за нелегално влегување на туѓ имот, обид за кражба и следење.

ИЗДВОЕНИ