недела, февруари 22, 2026
Дома СКОПСКА Мастер планот за Чаир се реализира на терен

Мастер планот за Чаир се реализира на терен

42

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со тимот што го изработи мастер планот за Чаир, во текот на изминатата недела имал посети во неколку населби во Општината, со цел следење на проектите што веќе се во фаза на реализација, информираат од локалната самоуправа.

Од Општина Чаир велат дека во текот на теренските посети биле презентирани досега реализираните интервенции, како и следните фази на урбаниот развој.

– Меѓу клучните проекти што ја трансформираат локалната инфраструктура се работите на улицата „Ферид Мурат“ и булеварот „Мит’хат Фрашери“, каде што подобрувањето во сообраќајот, пристапноста и урбаниот стандард се веќе видливи. Мастер планот на Чаир не е само стратешки документ туку и конкретен процес што, чекор по чекор, се реализира на терен, преку инвестиции што директно го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните – соопштија од Општина Чаир.

Оттаму додаваат дека паралелно продолжува и изградбата на општинскиот базен, инвестиција од значење за развојот на спортот, рекреацијата и на младинските активности.

Според локалните власти, стратешки сегмент претставува и проширувањето на булеварот „Цветан Димов“, проект што има цел зголемување на функционалноста на сообраќајот и создавање побезбедна и поефикасна сообраќајна оска за граѓаните.

– Во исто време, поставувањето подземни контејнери носи современ пристап кон управувањето со отпадот и подобрување на јавната хигиена – наведуваат од Општина Чаир.

Како што посочуваат од Општина Чаир, теренските посети послужиле за процена на динамиката на реализацијата и за координација на наредните фази, со цел проектите да се реализираат согласно со предвидените стандарди и рокови.

– Мастер планот на Чаир добива конкретна форма преку инвестиции што директно влијаат на квалитетот на животот и на долгорочниот развој на Општината – велат од Општината.

 

 

ИЗДВОЕНИ