Масовно труење со храна на селска слава во близина на Врање: Хоспитализирани се четири возрасни лица и две деца

1307

Во изминатите 24 часа, 18 возрасни и две малолетни лица, на возраст од пет и 17 години, се јавиле во Здравствениот дом во Врање со симптоми на труење со храна, потврди здравствената установа.

Четири возрасни лица и двете деца се хоспитализирани, а сите се во стабилна општа здравствена состојба.

Заводот за јавно здравје од Врање оттогаш е известен за случаите на труење со храна.

Белградските медиуми претходно објавија дека труењето се случило на селска слава во блиското село Павловац, каде што бил организирана селската слава Свети Илија.

ИЗДВОЕНИ