четврток, јануари 22, 2026
Дома СВЕТ Масовно пукање во Австралија: Три лица се убиени, напаѓачот е во бегство

Масовно пукање во Австралија: Три лица се убиени, напаѓачот е во бегство

41
EPA/DAN HIMBRECHTS

Три лица се убиени, а едно е рането во пукање што се случи во градот Лејк Карџелиго во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, соопшти полицијата.

Станува збор за град со приближно 1.500 жители, јави Еј-Би-Си Њуз.

Според полициското соопштение, итните служби биле повикани на адреса во градот по дојава за пукање. На местото на настанот биле затекнати три мртви лица – две жени и еден маж.

Уште еден маж е пренесен во болница во тешка, но стабилна состојба.

Напаѓачот и понатаму е во бегство, а полицијата на терен испрати вооружени специјалци. Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат таа област, а локалните жители да останат во своите домови.

Сиднеј Морнинг Хералд пишува дека се сомнева оти станува збор за напад поврзан со семејно насилство.

Друг медиум јавува дека напаѓачот избегал со возило кое е во сопственост на локалните власти.

ИЗДВОЕНИ