Масовно пукање во Њујорк: Четири лица убиени во крвав напад врз деловна зграда на Менхетн/ВИДЕО

443
Фото: screenshot

Четири лица, вклучувајќи еден полицаец, беа убиени во понеделник вечерта во пукотница во деловна зграда на Парк Авенијата во центарот на Менхетен, додека друго лице е сериозно повредено и во критична состојба, потврдија градските власти.

Вооружениот напаѓач, идентификуван како Шејн Тамура од Лас Вегас, наводно извршил самоубиство откако влегол во облакодерот на Парк Авенија број 345 и отворил оган со автоматска пушка, изјавија градоначалникот Ерик Адамс и комесарката на Полициската управа на Њујорк (NYPD) Џесика Тиш на вонредна прес-конференција.

Пукањето започнало околу 18 часот по локално време кога Тамура, кој бил снимен како излегува од црно БМВ со автоматска пушка М-4, влегол во зградата и веднаш пукал во полицаец кој во тоа време работел како обезбедувач. Потоа почнал да пука кон предниот влез, па се качил со лифтот до 33-ти кат, каде што продолжил да пука пред да си го одземе животот.

Тој бил пронајден мртов покрај оружјето, пишуваат новинската агенција АФП и американската телевизиска станица ЦБС.

Тиш рече дека вооружениот напаѓач најверојатно дејствувал сам, но дека истрагата е во тек, со помош на Федералното истражно биро (ФБИ). Во неговото возило биле пронајдени револвер, муниција и лекови.

Тамура, кој според наводите на шполицијата имал проблеми со менталното здравје, но имал важечка дозвола за оружје од Невада, пристигнал во Њујорк еден ден претходно, откако патувал низ земјата од југозападниот дел на САД, соопшти полицијата во Лас Вегас.

Зградата каде што се случило пукањето е дом на голем број корпорации, вклучувајќи ја Националната фудбалска лига (НФЛ), инвестициската фирма Блекстоун и гигантот за сметководствени консалтинг КПМГ.

Еден полицаец, двајца мажи и една жена беа убиени во пукањето, а друг маж беше тешко повреден, според достапните информации. Меѓу загинатите е и 36-годишен полицаец со потекло од Бангладеш, кој работел како обезбедувач во зградата во времето на нападот, потврди градоначалникот Адамс.

Полицијата брзо реагираше, евакуирајќи ги околните згради и систематски пребарувајќи го облакодерскиот кат по кат. Сведоците опишаа хаотични сцени, каде што луѓето бегаа од канцелариите со кренати раце.

 

ИЗДВОЕНИ