Масовно киднапирање на ученици во Нигерија: 315 ученици и наставници се грабнати во напад врз католички интернат

0
epa04682958 Nigerian police stand guard with dogs at a polling station in the oil rich Niger Delta, Port Harcourt, Nigeria, 28 March 2015. Security has been beefed up as hundreds of thousands of voters are expected to vote in the Nigerian general elections after they were delayed for over a month. Former Nigerian General Muhammadu Buhari is the main contender against incumbent President Goodluck Jonathan, who is seeking a second term in office. EPA/TIFE OWOLABI

Христијанското здружение на Нигерија денес соопшти дека 315 ученици и наставници биле киднапирани во напад врз католичкиот интернат „Света Марија“ во Папири, на западот од земјата.

Се верува дека повеќе од 300 деца и персонал биле киднапирани од католичко училиште во Нигерија во петокот, во едно од најголемите масовни киднапирања некогаш регистрирани во земјата.

Христијанското здружение на Нигерија (КАН) денес соопшти дека 315 ученици и наставници биле киднапирани во напад врз католичкиот интернат „Света Марија“ во Папири, на западот од земјата, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението се вели дека покрај учениците и наставниците за кои претходно се знаеше дека биле киднапирани од интернатот вчера, откриено е дека уште 88 ученици биле киднапирани откако се обиделе да избегаат.

„Со ова сега вкупниот број на ученици (и) 12 наставници се искачува на 315“, се вели во соопштението.

Киднапирањето се случува во време на пораст на напади од вооружени групи и исламистички бунтовници во Нигерија, која е под посебен притисок откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воена интервенција овој месец поради третманот на христијаните.

Доколку се потврди, ревидираниот број на киднапирани од училиштето ќе ги надмине 276-те ученички киднапирани од милитантната група Боко Харам во Чибок во 2014 година.

Масовното киднапирање е трет ваков инцидент во Нигерија само оваа недела. Во понеделник, 25 ученички беа киднапирани од интернат во државата Кеби, додека во среда, 38 верници беа киднапирани во напад врз црква во државата Квара.

Висок функционер на американскиот Стејт департмент во четврток изјави дека САД разгледуваат мерки како што се санкции и ангажман на Пентагон за борба против тероризмот како дел од планот за притисок врз нигериската влада подобро да ги заштити христијанските заедници и верските слободи.

Нигерија, од друга страна, вели дека обвинувањата за прогон на христијаните погрешно ја претставуваат сложената безбедносна ситуација и ги игнорираат напорите на земјата за заштита на верските слободи.

ИЗДВОЕНИ