Масовно апсење на состанок на Државниот комитет за национална безбедост: Дојдоа  во костуми, заминаа со лисици на рацете

265
Фото:принтскрин

Во Киргистан, 24 службеници беа уапсени на состанок со шефот на Државниот комитет за национална безбедност (ГКНБ) Камчибек Ташиев, откако беа обвинети за учество во корупциска шема поврзана со шверц на стоки од земјите на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ).

Седум даночни службеници, шест членови на граничната служба, седум вработени во фитосанитарната инспекција и четири вработени во Министерството за транспорт беа поканети на состанокот, кој требаше да биде работен. Наместо вообичаената дискусија, тие веднаш беа приведени и изнесени со лисици, објави „Times of Central Asia.

Според разузнавачката служба, групата организирала систем за нелегален увоз на стоки во областа на дејствување на контролниот пункт Чалдовар-Автодорожни, што предизвика значителна штета на државата. Ташиев, на лице место, наредил отпуштање на сите вклучени лица и нивно апсење со цел спроведување на истражни дејствија.

Шефот на ГКНБ претходно беше во јавноста поради необични предлози – меѓу другото, за иницијатива за преименување на оревот, како симболичен производ на земјата, во „киргистански орев“, бидејќи, како што објасни, „никаде во светот нема толку голема површина со шуми од ореви како во Киргистан“.

ИЗДВОЕНИ