Граѓаните низ цела Србија денес почнаа да добиваат официјални СМС-пораки за предупредување од Министерството за внатрешни работи (МВР), со кои се најавува исклучително силен и долготраен топлотен бран.
„Издадено е предупредување за силен и долготраен топлотен бран. Препорачливо е да го намалите времето поминато на отворено и редовно да бидете информирани. Повеќе информации на upozoren.mup.gov.rs“, се вели во пораката што денес масовно им се испраќа на граѓаните.
Оваа порака следеше по објавувањето на официјално предупредување од страна на Републичката хидрометеоролошка служба (РХМЗ) поради временските услови што би можеле да доведат до сериозни последици по здравјето и безбедноста на граѓаните.
Фенски ветар и екстремно топол бран со многу високи температури: Од утре Македонија под вршник
УХМР со предупредување: Доаѓа нов топлотен бран, од утре над 40°C