На свадба во Горњи Милановац избувнала масовна тепачка, а според неофицијални информации, конфликтот започнал кога една гостинка ја удрила невестата.

Во метежот се вклучил и младоженецот, додека девојката што ја нападнала невестата останала да лежи неподвижно.

По инцидентот, на местото на настанот пристигнала брза помош, но и тие биле нападнати од присутните. Со голем напор, полицијата успеала да ги раздели конфликтните страни и да воспостави ред.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)


Тепачката се случила во неделата. Неколку лица биле приведени, а една девојка била префрлена во болница на понатамошно лекување.

На многумина кои коментираа под Инстаграм објавата хит им е тоа што музиката продолжила да свири за време на тепачката, па го пофалија професионализмот на бендот.

ИЗДВОЕНИ