Масовно пукање во Балтимор, шестмина повредени

18
EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Во масовно пукање во станбен комплекс во Балтимор синоќа се повредени шест лица, меѓу кои и петгодишно девојче, соопшти локалната полиција.

Инцидентот се случил околу 21 часот по локално време, за време на заедничка вечера на отворено за жителите, изјави комесарот на полицијата во Балтимор, Ричард Ворли, на вонредна прес-конференција, пренесува ABC News.

Девојчето било застрелано во раката и не е во животно загрозувачка состојба, додека најтешко повреден е 38-годишен маж кој е во критична состојба. Повредени се и 23-годишна жена и тројца мажи на возраст од 32, 33 и 52 години.

„Во моментов имаме многу малку информации. Знаеме само дека се испукани голем број истрели и дека има повеќе повредени“, рече Ворли, додавајќи дека според првичните проценки, напаѓачот одеднаш отворил оган врз толпата собрана пред куќата.

ИЗДВОЕНИ