Возачите на автобуси и трамваи во околу 150 градови во Германија денес штрајкуваа барајќи подобрени услови за работа и повисоки плати, што влијае на милиони патници и на целата германска економија, која би можела да претрпи загуби до 200 милиони евра по ден штрајк.
Штрајкот, организиран од синдикатот Ver.di, започна во 3:30 часот наутро и доведе до прекин на речиси сите автобуски и трамвајски линии, објави Bild.
Најтешко погодени градови се Минхен, Нирнберг, Аугсбург, Штутгарт, Карлсруе, Фрајбург, Берлин, Франкфурт, Хамбург и бројни други градови во сојузните покраини Саксонија, Тирингија и Бранденбург.











