Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Тел Авив во саботата навечер за да побараат крај на војната во Газа и ослободување на заложниците.
Израелската влада се соочува со жестоки критики дома и во странство, вклучително и од некои од нејзините најблиски европски сојузници, поради најавата дека војската ќе ја прошири војната.
Безбедносниот кабинет на Израел се согласи да започне нова воена офанзива за преземање целосна контрола врз градот Газа. Целите, според израелската влада, вклучуваат разоружување на Хамас, враќање на заложниците, демилитаризација на Појасот Газа и „израелска безбедносна контрола во Појасот Газа“.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека огромното мнозинство Израелци го поддржуваат завршувањето на војната со цел да се ослободат преостанатите 50 заложници што ги држат милитантите во Газа. Израелските власти веруваат дека околу 20 заложници се уште се живи.
Повеќето од заложниците што досега се ослободени се вратени благодарение на дипломатските преговори. Преговорите за прекин на огнот, кои можеа да доведат до ослободување на повеќе заложници, пропаднаа во јули.
Протестите се вообичаени во Тел Авив, на кои се повикува владата да постигне договор за прекин на огнот и договор за заложницте со Хамас. Според организаторите, на протестот во саботата присуствуваа повеќе од 100.000 луѓе.