Масовен напад со нож во Холандија: Меѓу повредените и полицајци

419

Неколку лица се повредени во масовен напад со нож во Холандија. Полицаец е меѓу овредените, а најмалку едно лице наводно се уште е во многу тешка состојба, пишува Дејли Мејл.

Службите за итни случаи беа повикани на местото на настанот рано утринава во Хуфдорп, главниот град во Харлемермер, во северниот дел на Холандија. Полицијата добила пријава за напад со нож околу 6 часот по локално време.

„Има повеќе повредени, вклучително и еден колега. Повеќе амбулантни возила и ММТ се на лице место“, се вели во соопштението на Politie Eenheid Noord-Holland.

Локалните медиуми јавија дека повреден полицаец бил пренесен во болница, а еден полициски автомобил бил „извалкан со крв“.

Не е јасно кој го предизвикал инцидентот и дали има уапсен. Се вели дека полицијата врши увид и ја затворила улицата. Утринава на местото на настанот бил и хеликоптер за итна помош.

ИЗДВОЕНИ