ајбогатиот човек во светот често се обраќа на секакви теми преку социјалните медиуми, а кога ќе „се налути“ на некого, целиот свет мора да знае за тоа.
Овој пат, се налути на платформата Нетфликс, а причината за тоа беа коментарите на креаторот на анимирана серија што се емитува на оваа стриминг услуга.
Хамиш Стил ја создаде анимираната серија „Dead End: Paranormal Park“ за Нетфликс, а на Маск му пречат неговите коментари во кои го нарече неодамна убиениот Чарли Кирк „случаен нацист кој беше застрелан“.
Кирк, беше соработник на Доналд Трамп и се бореше, меѓу другото, против „woke“ културата – приближно исто како и Маск.
Затоа Маск прво ја откажа својата претплата на Нетфликс, а потоа на Твитер ги покани и другите да го сторат истото, споделувајќи мем во кој Нетфликс им дава на „вашите деца“ тројански коњ што всушност содржи „трансродова „woke“ агенда“.