Американскиот милијардер Илон Маск сподели мапа на социјалните мрежи на која се прикажани стапките на плодност во европските земји.
„Или Европа ќе почне да има големи семејства или ќе продолжи да умира“, напиша Маск. Стапката на фертилитет го означува коефициентот што го покажува бројот на деца родени по жена во плодниот период од животот, од 15 до 49 години.
Еве како се толкуваат коефициентите:
Под 1 – екстремно ниска стапка на фертилитет
Од 1 до 1,5 – ниска стапка на фертилитет
Од 1,5 до 1,9 – недоволна стапка на фертилитет
Од 1,9 до 2,1 – стапка на фертилитет блиску до онаа што е доволна за замена на генерации
Над 2,1 – стапка на фертилитет над онаа доволна за замена на генерации
Коефициент под 1 претставува екстремно ниска стапка, од 1 до 1,5 ниска стапка, од 1,5 до 1,9 недоволна стапка, од 1,9 до 2,1 стапка блиску до онаа доволна за замена на генерацијата, а над 2,1 стапка над онаа доволна за замена на генерацијата.
Бројките се поразителни за повеќето европски земји. Македонија има коефициент 1,48, што ја става во земјите со ниска стапка на фертилитет. Огромното мнозинство европски земји имаат ниски стапки на фертилитет. Франција, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Бугарија и Молдавија котираат подобро од просекот, односно влегуваат во категоријата земји со недоволна стапка на фертилитет.
На картата, Косово се издвојува во зелена боја со стапка на фертилитет од 1,9.
Патем, Маск е татко на најмалку 14 деца, од кои едно починало како бебе.