петок, февруари 27, 2026
Дома СВЕТ Маск се закани дека ќе формира партија ако помине законот за буџет...

Маск се закани дека ќе формира партија ако помине законот за буџет на Трамп

477

Се разгорува војната меѓу довчерашните пријатели, американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговата довчерашна десна рака за кратење на владините трошоци, милијардерот Илон Маск.

Повод е новиот закон за кастрење на трошоците и субвенциите во американскиот буџет, кој Трамп го промовира како „голем и прекрасен закон“, а Маск го нарекува „луд и деструктивен“. Конфликтот кулминираше со заканата на Маск дека ќе ги „урне“ конгресмените што ќе гласаат за законот дури и ако, како што рече, тоа му биде „последното нешто што ќе го направи на Земјата“. Маск најави и формирање нова политичка партија – Американска партија  доколку биде усвоен законот.

Во одговор, Трамп го нападна со објава дека добил „најмногу државни субвенции од кој било човек во историјата“ и предложи Одделот за ефикасност (ДОГЕ) што го водеше, да ги провери сите бенефиции што ги користеле компаниите на Маск од федералниот буџет.

– Можеби без тие пари Маск ќе требаше да ја затвори својата продавница и да се врати во Јужна Африка. Можеби ќе треба да ги стопи своите ракети, да запре со автомобилите и да заштедиме многу пари – напиша Трамп.

 

ИЗДВОЕНИ