Маск се покаја поради судирот со Трамп: Се огласи на Х: „Жалам“!

77
EPA-EFE/WILL OLIVER

Илон Маск, милијардер и поранешен раководител на Министерството за ефикасност во администрацијата на Доналд Трамп, се огласи по бруталната конфронтација со американскиот претседател минатата недела.

„Жалам за некои од моите објави за претседателот Доналд Трамп минатата недела. Тие отидоа предалеку“, напиша тој на платформата X.

Двајцата имаа одлични односи во текот на изминатата година, но се судрија околу економските политики на Трамп, што ескалираше во јавна расправија и разменети навреди на социјалните мрежи.

Се чини дека Маск сега жали за некои од тие изјави. Меѓу другото, тој рече дека многу досиеја за осудениот педофил и сексуален предатор Џефри Епштајн се кријат затоа што во нив се споменува Доналд Трамп.

ИЗДВОЕНИ