Маск повторно се појави во Белата куќа – овојпат како гостин на вечерата што Трамп ја организираше во чест на саудискиот приц

59
epa12534827 Elon Musk looks on at a dinner hosted by President Donald Trump and First Lady Melania Trump for Crown Prince and Prime Minister of the Kingdom of Saudi Arabia, Mohammed bin Salman at the White House in Washington, DC, USA, 18 November 2025. EPA/ANNA ROSE LAYDEN / POOL

Милијардерот Илон Маск повторно дојде во Белата куќа, неколку месеци откако се разијде со претседателот на САД Доналд Трамп.

Тој во Белата куќа дојде да присуствува на свечена вечера кој Трамп ја ораганизираше во чест на претстолонаследниот на Саудиска Арабија принцот Мохамед бин Салман, пишува „Фокс њуз“.

Маск им се придружи на неколкумина технолошки титани, финансиски и инвестициски лидери, раководители во енегетскиот сектор и спортски икони.

Поранешниот специјален владин службеник, кој извршуваше советодавна улога во Министерството за ефикасност на владата, тврдеше дека „големиот прекрасен“ закон, околу кој се расправаше со Трамп, додава трилиони долари на веќе растечкиот американски државен долг и дека би можел да ја поткопа работата на ДОЏ за намалувањето на владините трошоци.

Маск откако се разијде со Трамп зборуваше дека ќе основа трета партија во САД, додека Трамп на крајот на минатиот месец рече за судирот дека „Маск имал лош момент“.

„Беше тоа глупав момент во неговиот живот, многу глупав. Ми се допаѓа Илон и верувам дека секогаш ќе ми се допаѓа“, рече тогаш Трамп, пренесува „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ