среда, февруари 4, 2026
Дома СВЕТ Маск објави дека си заминува од администрацијата на Трамп

Маск објави дека си заминува од администрацијата на Трамп

58

илијардерот Илон Маск објави дека ја напушта својата функција во американската администрација, откако беше на чело на таканаречениот Оддел за владина ефикасност – ДОГЕ, во еден контроверзен напор за редуцирање на федералните трошоци.

-Како што мојот ангажман како специјален владин претставник се доближува кон крајот, сакам да му изразам благодарност на претседателот Доналд Трамп за шансата да го намалам бесцелното трошење“, напиша тој на ИКС.

Мандатот на Маск како специјален владин претставник требаше да заврши на 30 мај. Американската влада истакна дека напорите на ДОГЕ за преструктуирање и намалување на владините расходи ќе продолжат.

-Мисијата на ДОГЕ само ќе се засили со текот на времето, откако ќе прерасне во стандардна практика за владата, напиша Маск.
Претставник од Белата куќа ја потврди информацијата за заминувањето на Маск, наведувајќи дека „неговото повлекување ќе стапи во сила денес“.

ИЗДВОЕНИ