Маск го повтори своето несогласување со законот на Трамп: „Ќе уништи милиони работни места“

1276
EPA-EFE/FRANCIS CHUNG / POOL

Американскиот милијардер Илон Маск го повтори своето противење на законот за намалување на даноците и буџетот на американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека законот, кој републиканските сенатори брзо се обидуваат да го донесат, ќе уништи работни места и ќе го забави развојот на растечките индустрии.

– Најновиот закон во Сенатот ќе уништи милиони работни места во Америка и ќе предизвика огромна стратешка штета на нашата земја. Тој дава субвенции на индустрии кои припаѓаат на минатото, додека сериозно ги загрозува индустриите на иднината – напиша Маск на платформата Икс.

Извршниот директор на Tesla и Spacex, подоцна објави дека овој закон ќе биде „политичко самоубиство за Републиканската партија“.

Изразените критики повторно отвораат жесток конфликт меѓу поранешниот шеф на Одделот за владина ефикасност и американската администрација, која неодамна ја напушти, според АП.

Тие се и главоболка за републиканските лидери во Сенатот, кои работеа прекувремено во текот на викендот за да го усвојат законот пред рокот на Трамп – до Денот на независноста, 4 јули.

ИЗДВОЕНИ