Маск ги објави резултатите од тестот за дрога/ФОТО

39
EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

Американскиот мултимилијардер Илон Маск ги објави резултатите од својот тест за дрога на социјалните мрежи X.

„LOL“, напиша Маск, споделувајќи фотографија од резултатите од тестот, кои покажаа дека е негативен на која било од тестираните дроги.

Инаку, Њујорк Тајмс неодамна објави дека Маск земал значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки за време на минатогодишната изборна кампања.

Маск, извршниот директор на X, Tesla и SpaceX, претходно јавно изјави дека користи мали дози на кетамин за борба против депресивните тенденции и дека тоа му помага да работи поефикасно. Њујорк Тајмс ја базираше својата статија на приватни пораки и интервјуа со повеќе од 10 луѓе кои го познаваат Маск или работеле со него.

Волстрит Журнал минатата година објави дека Маск повремено користел дроги во минатото. Некои членови на одборот на Tesla, неговата компанија за електрични возила, беа загрижени за неговата употреба на дроги, вклучително и „Амбиен“ за лекување на проблеми со спиењето.

ИЗДВОЕНИ