Маск: Без мојата помош, Трамп ќе ги изгубеше изборите минатиот ноември

700
EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

Милијардерот Елон Маск денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп немаше да ги добие изборите минатиот ноември без неговата помош и дека тој „покажал неблагодарност“.

„Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите, демократите ќе го контролираа Претставничкиот дом, а републиканците ќе беа 51-49 во Сенатот. Таква неблагодарност“, рече Маск на платформата „Икс“.

Трамп претходно денес изјави дека не е сигурен дали ќе има добри односи со Маск во иднина, откако сопственикот на „Тесла“ го критикуваше новиот закон за трошење.

„Отсекогаш го сакав Елон. Видовте какви зборови имаше за мене. Не кажа ништо лошо за мене. Подобро би сакал тој да ме критикува мене отколку законот, бидејќи законот е неверојатен. „Тоа е најголемото намалување (на трошоците) во историјата на нашата земја“, рече Трамп.

Маск јавно го критикуваше законот за трошоци поддржан од Трамп, нарекувајќи го „одвратен“, додавајќи дека законот „ја поткопува“ работата на Одделот за владина ефикасност (DOGE), кој тој до неодамна го водеше.

Предлог-законот, кој моментално се разгледува во Сенатот, предвидува дополнителен долг од дури 3,8 милијарди долари за земјата во текот на следната деценија, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ