Машински се чисти коритото на Сува Река

51

Општина Илинден продолжува со интензивни активности за чистење и одржување на речните корита и одводните канали на територија на општината. Во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река, на потегот од населеното место Миладиновци кон Текија и Дељадровци. Од Општина Илинден информираат дека досега е исчистен дел во должина од 2.500 метри.

-Заклучно со овој зафат, на подрачјето на Општина Илинден исчистени се  вкупно 26.500 метри канали и речни корита во сите населени места, а во наредниот период планирано е продолжување на активностите со дополнителни 2.000 метри на потегот од Текија кон Дељадровци – велат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека редовното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали и речните корита претставува еден од клучните приоритети на Општината.

-Со оглед на високото ниво на подземните води, редовното одржување на каналската мрежа овозможува непречен проток на атмосферските води, превенција од појава на поплави и зачувување на чиста и здрава животна средина, што е предуслов за квалитетен живот на граѓаните –  нагласи Георгиевски.

ИЗДВОЕНИ