Екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта” започнаа со спроведување активности за машинско чистење на коритото на реката Вардар.
Од претпријатието информираат дека се чисти делот кај галиите во централното градско подрачје и дека машински се отстрануваат насобраните шут и гранки во коритото на реката Вардар.
– Изминатиов период, екипите на претпријатието тековно ги извршуваат активностите за рачното отстранување на нискостеблестата вегетација од косините на реката. И во наредниот период ќе продолжи да се извршува рачно чистење, согласно со планот за работа и по налог на Град Скопје – известуваат од ЈП „Улици и патишта“.
Активностите се извршуваат согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2025 година.