Пет малолетници ги загубија животите кога роденденската забава во руската област Иркутск стана насилна по прекумерно консумирање алкохол, објави во средата новинската агенција Интерфакс.
„Жртвите се на возраст меѓу 13 и 17 години, а меѓу нив има и една девојка“, соопшти агенцијата, цитирајќи го портпаролот на регионалниот обвинител.
Според информациите, пијан младич со нож ги нападнал посетителите на забавата, при што убил четворица, а ранил уште четворица. Напаѓачот потоа ја запалил бараката во градината и се самоубил.
Повредените се пренесени во болница во градот Иркутск. Состојбата на еден е критична.
Обвинителите започнаа истрага за повеќекратно убиство, а во регионот е прогласена тридневна жалост.