Во пукотница за време на младински натпревар во хокеј во американската држава Род Ајленд, две лица беа убиени, а три беа повредени. Нападот беше запрен кога случаен минувач интервенираше и помогна да се запре напаѓачот, соопштија властите.
Пукањето се случи вчера во арената Денис М. Линч во градот Потакет, на неколку километри од Провиденс. Истражителите досега разговараа со речиси 100 сведоци со цел да го реконструираат текот на настаните.
Шефицата на полицијата во Потакет, Тина Гонкалвес, изјави дека вооружениот напаѓач починал од она што изгледа како самонанесена прострелна рана, но истрагата е сè уште во тек. Гонкалвес го пофали неименуваниот „добар Самарјанин“ кој интервенираше. Таа не даде дополнителни детали за таа интервенција.
Бракот на убиецот се распадна поради операција за промена на полот
Видео од играчи на мразот додека се слушаат истрели брзо се прошири на социјалните мрежи. Набрзо настана хаос: играчите на клупите се фрлија на подот за да се засолнат, оние на мразот во паника се лизгаа кон излезите, а гледачите избегаа од своите места.
„Се чини дека е целен напад и може да биде семејна расправија“, рече Гонкалвес. Шефицата на полицијата го идентификуваше напаѓачот како Роберт Дорган, за кого рече дека се викал и Роберта Еспозито.
Дорган, чиј брак се распадна поради операција за промена на полот, ја убил својата поранешна сопруга и едно од неговите деца и ранил уште три други лица, изјави извор од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви на САД за Фокс њуз.
Пукањето се случува речиси два месеци откако Род Ајленд беше потресен од пукање на Универзитетот Браун, во кое беа убиени двајца студенти, а девет лица и еден професор од Технолошкиот институт во Масачусетс беа ранети.
Властите подоцна го пронајдоа телото на 48-годишниот напаѓач Клаудио Невес Валенте во магацин во Њу Хемпшир. Утврдено е дека тој извршил самоубиство.
HORRIBLE 😣 SHOOTING at a hockey game in Rhode Island. We’re not safe ANYWHERE. Mental health is a priority. Just kill yourself and let other live
pic.twitter.com/aayf8RbIHH— Angrywhitedude (@Angrywhite123) February 16, 2026












