
Повторно дел од шпанските медиуми ја пласираа добро познатата информација дека раководните лица на Атлетико (М) се сериозно заинтересирани за услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Лаутаро Мартинез. Не е тајна дека „јорганџиите“ сакаат да имаат аргентинско дуо во нападот, Алварез-Мартинез, но обештетувањето од најмалку 100 мил. евра и понатаму е главен проблем.