Мартина Елиора и нејзиниот бенд приредија незаборавна вечер за жителите на општина Центар. Со греано вино, печени костени, џез и стари шлагери, присутните уживаа во топлиот предновогодишен амбиент и убавата енергија што ја донесе „Џез под ламба“.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски за утре вечер најави нов спектакл.
– На 29 декември повторно се гледаме под ѕвезденото небо на Боемска 1. Преку ден подготвивме богата детска програма со Дедо Мраз и многу изненадувања за најмладите, а навечер следува голема забава за сите генерации со ДЈ Јорданов, Брас Брадарс и Либеро бенд. Ве очекуваме да ја споделиме празничната магија заедно – ветуваме одлична атмосфера и добра забава за сите генерации – напиша на Герасимовски на Фејсбук.












