Мартин Сипковски бил осуден на 7,6 години затвор за Обид за убиство во Скопје

Македонецот кој се разнесе со експлозив во Белград, избегал од домашен притвор од земјава

3198
Фото: Фејбук

Младиот македонец Мартин Сипковски кој загина во експлозија во стан во Белград, имал криминално досие во Македонија. Во скопскиот Кривичен суд бил прогласен за виновен за Обид за убиство, бидејќи во два наврати пред две години пукал во скопјанец. Судот го казнил со затвор од 7,6 години, а до правосилност на пресудата Сипковски бил во домашен притвор. 21 годишниот поранешен спортист, избегал во Србија, а судот му го преиначил притворот во затворски.

Во листата на кривични пријави во земјава е и таа за палење на автомобил кој додека горел го снимал со телефон. Сипковски на спортската јавност и е познат како дел од ракометниот клуб Вардар, но се откажал од ракометот поради повреда.

За него се пишуваше дека потпишал договор со престижна модна агенција во Истанбул и оти бил студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопјe.  Експлозивот наводно бил наменет за ликвидација на членови на криминална организација од Нов Белград, а српската полиција го приведе Филип В. (26) под сомнение дека му го предал експлозивот на Сипковски да го чува.

Македонецот кај себе имал 1,5 килограми експлозив „пентрит“ и истрагата претпоставува дека го активирал од неспретност. Станот на третиот кат на улицата Косовска се разнел, а полицијата го пронашла младиот човек мртов. Неговиот идентитет бил откриен преку анализа на ДНК, со размена на податоци со македонските власти. (П.А.)

 

 

ИЗДВОЕНИ