Свечен ден за познатиот рокер!
Рокерот Мартин Филиповски од дуото „Некст тајм“ имаше причина за славење и за радост. Во неговото најтесно семејство имаше крштевка. Мартин и неговата сопруга, Андреа, ја направија крштевката во црквата „Свети Јован Крстител“ во скопски Капиштец. На тој свечен ден подарен од Бога, Мартин беше облечен во лесен летен костум со бела маица. Неговата сопруга ја видовме во елегантен бел блејзер со кусо здолниште, надополнето со црни мокасини. Додека за малата Лиана, кумот имаше избрано нежнорозово фустанче.
Инаку, ќеркичката го носи ова необично име, кое има латински корени. „Преведено“ од латински, Лиана значи „префинетост“. А, според некои други кажувања, името Лиана настанало како скратена верзија на целосното име Лилијана. Потекнува од латинскиот термин лилиум, со значење „крин“.