Клучните реформи што ги бараме од вас не се едноставни, но користа е многукратна, порача денеска еврокомесарката за проширување и добрососедска политика Марта Кос. Таа се обрати на отворањето на Самиотот ЕУ-Западен Балкан посветен на Планот за раст во Скопје при што рече дека реформите кои земјите од овој регион треба да ги направат не се едноставни, но користа ќе биде голема за граѓаните.
-Можам да се разнежнам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е драг и сакам да помогнам најмногу што можам за да преминете преку целта. Клучните реформи што ги бараме од вас не се едноставни. Тие задираат закоравени структури на моќ и интереси и бараат длабока општествена трансформација. Потребо е вие лидерите да ја водите оваа промена. Користа е многукратна, ќе донесе стабилност, безбедност и просперитет за сите ваши граѓани. Ова е алатка што ќе ви помогне со важните реформи и овие реформи се неопходни за да ве подготват за членство – рече Кос.
Таа додаде дека токму затоа се потребни храбри лидери кои ќе ја предводат оваа трансформација.
– Тие задираат закоравени структури на моќ и интереси и бараат длабока општествена трансформација. Уверувам дека вреди – стабилност, безбедност и просперитет за сите граѓани – нагласи таа.
Таа го истакна напредокот на Албанија, Црна Гора, Босна Херцеговани и Србија. Посочи дека Албанија отвори три кластери, во последните шест месеци, со што како што рече, „придонесовте на успехот на процесот на проширување“.
-Доколку продолжиме вака ќе можеме да ги отвориме сите кластери годинава и какошто ви кажав вчера едвај чекам да го прославиме отварањето на кластерите. Црна Гора во петокот затвори уште едно поглавје и во Босна и Херцеговина реформската агенда се усвои и чекаме да се формира нова Влада. Господине, Курти вие навистина вложивте многу енергија во процесот на пристапување и веќе продолжуваме напред во Србија. Се надевам дека ќе можеме да одиме понатаму. Но, ова е процесот на проширување. Сега сме тука за Планот за раст, драг Христијан ви кажав дека сме успешни и се разнежувам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е многу драг – рече Кос во своето обраќање.
Кос во своето воведно обраќање изрази и сочувство за настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“
-Многу млади животи беа загубени, а многу други беа повредени, а некои се уште се лекуваат по болниците. Често пати мислам за жртвите и за повредните и за тоа како ништо не е поважно од семејството и од заедницата. Добро е да се знае дека во овие тешки моменти, други Европејци, европската заедница можат да дадат помош и механизмот на Европа веднаш координираше испраќање на повредените, кои беа лекувани во болници во Шведска, Шпанија, Литванија, но вашите соседи беа тие, Србија, Грција и Бугарија, кои што први одговорија и згрижија многу од повредените. Европа покажува солидарност за секого – рече Кос.
Фото: ФБ