Неколку илјади граѓани го започнаа „Маршот за ангелите“ – протестен марш во знак на почит кон 63-те млади луѓе кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Маршот започна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде учесниците се упатија кон Собранието, а ќе заврши пред Основниот кривичен суд.

Со паролите „62 животи, 62 иднини, 62 семејатва“, „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, и „Ние изгубивме, вие се уште имате за што да се борите„ неколку илјади граѓани го започнаа „Маршот за ангелите“.

Ова е прв марш во главниот град организиран од граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март 2025“, по неколкунеделните саботни собири што ги организираа родителите во Кочани.

Нивната порака и натаму силно одекнува: „Не сакаме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите. Ни треба вашата поддршка“. Родителите се надеваат на масовно присуство, нагласувајќи дека нема да се откажат сè додека не се утврди целосна одговорност за трагедијата.

ИЗДВОЕНИ