Марко Рубио ненадејно во Израел: Што се крие зад посетата?

34
Фото: EPA

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес пристигна во Израел, објави агенцијата Франс-прес. Стејт департментот соопшти дека целта на патувањето е Рубио да го увери Израел во поддршката на САД пред претстојното признавање на палестинската држава од страна на неколку земји на Генералното собрание на ОН.

Посетата доаѓа и покрај негодувањето на американскиот претседател Доналд Трамп поради израелскиот напад врз лидерите на палестинското исламистичко движење во Катар, сојузник на САД.

Се очекува Рубио да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„На пат кон Ерусалим сум. Мој приоритет ќе биде враќањето на заложниците, обезбедување начин хуманитарната помош да стигне до цивилите и справување со заканата од Хамас, напиша претходно Рубио на социјалната мрежа „Икс“.

Израел во вторникот нападна станбен комплекс во Доха, каде биле сместени водачи на Хамас. Во нападот загинаа петмина припадници на Хамас и катарски безбедносен офицер.

Катар, заедно со Египет и САД, е посредник во индиректните преговори меѓу Израел и Хамас за договор за размена на заробеници и заложници и за прекин на огнот во Газа.

ИЗДВОЕНИ