Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Бислимоски, официјално поднесе оставка од својата функција.
Утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието за повлекувањето, но во оставката не ги навел причините. Одлуката не ја коментира ниту тој, ниту неговите соработници, а јавноста засега може само да шпекулира, со оглед на тоа дека вториот петгодишен мандат на Бислимоски требаше да заврши во јуни 2028 година.
Се очекува Комисијата да информира за процесот на избор на нов претседател.












