Возачот на Дукати, Марк Маркез, славеше на Големата награда на Германија и го зголеми водството во генералниот пласман. Во 200. трка во својата кариера, тој водеше од првиот до последниот круг и победи со време од 40:42.854 минути. Ја оствари својата деветта победа на патеката „Заксенринг“.
Тоа беше негова 95. победа во кариерата, а 69. во „кралската“ класа. Само легендарниот Валентино Роси има повеќе од него во Мото ГП (89).
Шпанскиот возач има седум победи оваа сезона, четири од нив последователни, а победи и во спринтот во саботата. Неговиот помлад брат, Алекс Маркез, го освои второто место, со заостанување од 6,380 секунди, додека трет беше Франческо Бањаја од Дукати, со заостанување од 7.080 секунди.
Марк Маркез е прв во генералниот пласман со 344 бода, пред Алекс Маркез, кој има 261 и Бањаха со 197 бода.
Шампионатот продолжува следниот викенд, а Големата награда на Чешка се вози в недела во 14:00 часот, во Брно.