Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез е победник на трката за Големата награда на Чешка во рамки на Мото ГП-шампионатот. Возачот на Дукати зад себе ги остави Марко Бецеки од Априлија и Педро Акоста од тимот на КТМ.

Ова е петта победа по ред за осумкратниот светски шампион, а осма во тековната сезона во Мото ГП. Тој дополнително ја зголеми својата предност во генералниот пласман во однос на својот брат Алекс Маркез.

Марк сега има 381 бод, Алекс е втор со 261, а поранешниот шампион Франческо Бањаја е трет со 200 бода.

Следниот тркачки викенд ќе се одржи од 15 до 17 август, кога на програмата е трката за Големата награда на Австрија.

ИЗДВОЕНИ