
Камерунската фудбалска асоцијација е полна со корупциски скандали, таму се случуваат негативни работи, па затоа не е изненадување што еден од најголемите и најдобрите играчи од Камерун избра друга репрезентација, дури и ако конкуренцијата во нападот е далеку посилна и поголема.
Хуго Екитике, млад напаѓач чиј талент го привлече вниманието на најголемите европски клубови и потпиша за Ливерпул, одлучи да ја претставува Франција на меѓународно ниво, и покрај тоа што имаше можност да игра за Камерун, земјата од која потекнува неговото семејство.
Роден во Ремс во 2002 година, Екитике помина низ француските младински редови и долго време се смета за еден од најперспективните напаѓачи на својата генерација.
Камерунската федерација се потруди да го убеди да го облече дресот на „Лавовите“, но младиот фудбалер одлучи да остане лојален на земјата каде што е роден и пораснал во фудбалот.
Сосема очекувано, одлуката предизвика мешани реакции. Во Франција, таа беше дочекана со оптимизам бидејќи селекторот добива уште една офанзивна опција во ерата по Карим Бензема и Оливие Жиру. Во Камерун, сепак, има големо разочарување бидејќи националниот тим загуби напаѓач кој можеше да стане главен лик во националниот тим.
Тој доби повик од Дидие Дешан за квалификациите за Светското првенство во септември. Влезе во игра како замена за повредениот играч на Манчестер Сити, Рајан Черки.
Селекторот на Камерун, Марк Брис, сега тврди дека не му треба ѕвездата и дека Камерун нема да биде друга опција за никого.
„Тој не заслужува да дојде тука. Имаме добри играчи кои играат со срце. Не ми треба ѕвезда.“
Екитике одигра 11 натпревари за француската репрезентација до 21 година и постигна пет гола.
Имаше добар почеток на сезоната со „црвените“, постигнувајќи два гола и асистенција во два настапи во Премиер лигата. Беше доведен за 95 милиони евра, а претходно брилијантно играше во Ајнтрахт Франкфурт, додека во неговата родна Франција ги носеше дресовите на ПСЖ и Ремс.











