Македонската машка кошаркарска репрезентација има одличен старт во претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. По победата Азербејџан во Скопје, совладана е и Ирска во Даблин со 76:88, еден од конкурентите за првото место во Групата – А.

  • Ова е голема гостинска победа. Игравме во Даблин по меч по кој бевме три дена заедно, се рехабилитиравме на тој тренинг што ни беше дозволен. Го сработивме она кое го посакувавме и среќен сум и горд на играчите, од прв до последен. Од оној што имаше најголема минутажа, до хемијата, но и до оние кои не влегоа да игра и беа со тимот. Сите си беа поддршка еден на друг, истакна селекторот Марјан Илиевски.

Во продолжение на претквалификациите, Македонија ќе одигра уште два натпревари кон крајот на февруари и почетокот на март следната година. Прв ривал ќе биде Луксембург, а потоа следи гостување кај Азербејџан.

ИЗДВОЕНИ