Маринците се во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат

52
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Маринците се подготвени да ги следат наредбите на Северната команда на САД, но сè уште не се повикани да интервенираат, изјави командантот на Маринскиот корпус, генерал Ерик Смит, откако баталјонот е распореден во Лос Анџелес.

Смит на дебатата за буџетот во Сенатот наведе дека маринците се обучени за контрола на толпата и дека нивната опрема ќе вклучува штитови и палки. Тој нагласи дека тие немаат овластување да вршат апсења и оти во Лос Анџелес се исклучиво за да го заштитат федералниот имот и федералниот персонал.

Портпаролката на Северната команда на САД потврди дека 700 маринците се распоредени во пошироката област на Лос Анџелес.

Во пошироката област на Лос Анџелес распоредени се и приближно 2.100 припадници на Калифорниската Национална гарда. Дополнителни 2.000 припадници на Националната гарда добија дозвола за распоредување, но сè уште не пристигнале во Лос Анџелес.

Американското Министерство за одбрана соопшти дека распоредувањето на Националната гарда и на маринците во Лос Анџелес ќе чини околу 134 милиони долари. Според специјалната помошничка на министерот за одбрана, Брин Мекдонел трошоци се главно поврзани со патувањето, сместувањето и храната.

ИЗДВОЕНИ